- За да се долови вистинскиот дух на 1967 година, во населеното место Зејрек се работеше со голема макотрпност.
- Зејрек е локација која под заштита на УНЕСКО , затоа подготовката за снимање на серијата траеше 1 година и местото е целосно реставрирано.
- За серијата се отворија две простории за декорација и едно атеље за костуми.
- Во атељето за костуми се сошиени дури 500 костуми. Беа купени 2054 вида на облека, беше користена ткаенина од 2.400 метри.

- За да се долови периодот во кој се одвивала целата драма било направено големо истражување да се најде товарен брод. По макотрпни анализи и конечно е пронајден товарен брод кој сообраќал во 1965 година на релација Турција-Америка. Товарниот брод беше користен во подготовка на серијата.

- За закотвување на товарниот брод на пристаништето Сарајбурну, од министерстово за транспорт е извадена посебна дозвола. И за прв пат еден товаран брод кој потекнува од тој периот се закотви за снимање на серијата Бурни времиња.
- Најмалата и најпикантна личност во серијата Осман, Емир Берке Зинџиди е избран од 200 деца кои конкурирале за серијата. Малиот Емир претходно има учествувано во голем број реклами, а има само 5.5 години. Прв пат зема улога во една серија, затоа со него работат еден искусен актер и еден педагог.
- За време на сцената со пожарот кој се одвива во неколку епизоди покрај куќата која се користи како семеен дом на Али е направена друга идентична куќа. Заради зачувување на историското ткиво на Зејрек, за сцената со пожар е користена таа куќа - лажната куќа.
- За изградба на идентична куќа се потрошени 11 точи челик. Куќата била изградена од четири фирми. Изградбата на куќата траела 15 дена. Куќата била отпорна на земјотрес и сцената со пожарот била снимена 3 дена.
- На улиците кои биле асфалтирани била ставена калдрма. На сите околни куќи кои имале ПВЦ прозорци, тие биле откорнати и ставени прозорци автентични за тоа време.
- Климите кои беа поставени беа свртени кон надворешна страна и биле претворени во балкони.
- Околу 51 куќи биле исфарбани, 9 од куќите биле целосно реставрирани. Биле потрошени 2 тона боја, а заедно работеле 24 мајстори.
- За да се отслика вистинската атмосфера која што одговара за тој период се направени надчовечки напори. За снимање на серијата биле користени над 100 возила автентични за 60-тите години. Исто така е користено едно старо амбулантно возило, 1 полициско возило, како и едно затворско возило.
Нема коментара:
Постави коментар