недеља, 27. мај 2012.

Интервју со Мете (Арас Булат)

Младиот двасетидвегодишен актер се отвори за магазин Хул и откриваше дел од својот живот! Погледнете:



Хул:Ооо добредојде Арас!


Арас:Добревенајдов!


Хул:Како сега живееш со Зејнеп ?


Арас:Мислите на мојата девојка? Ааа..супер!


Хул:Ти и таа се запознавте за време на снимањето на серијата..но глумевте брат и сестра..од кога започна вашата врска ?


Арас:На средината серијата..но, отпочетокот бевме само пријатели на иста возвраст кои добро се разбираат меѓусебно..подоцна, иако сите не викаа „заљубените“ , ние не бевме во врска..но на средината на серијата, нашето пријателство порасна во нешто поголемо..и ете денес, дури и живееме заедно!


Хул:Каков беше романтичниот момент ?


Арас:Романтичен! Хаха! Шега на страна, супер..


Хул:Ајде де, опиши го ! Многумина сакаат да го знаат!


Арас:Ааа до детали сакате вие, а ? Добро , еве ви ги ..Значи, знаете дека во куќата на нашиот “татко“ - Капетан Али има мал базен..нешто како езерце мало..


Хул:И ?


Арас:После снимањето, сите си отидоа, а јас и Зејнеп се согласивме да ја заклучиме куќата , но пред тоа да се пресоблечеме..Откако се пресоблековме, Зејнеп и јас тргнавме да одиме , но несакајки, Зејнеп се лизна и падна во езерцето!


Хул:Леле! И ?


Арас:Што и ? Да рипнев и јас, ке немаше место за двајцата..и помогнав да излезе..потоа ја почекав повторно да се пресоблече, косата да ја исуши..и така, дојде 24:00 ..На полноќ, одиме по улицата и се случи првиот бакнеж..Задоволни ?


Хул:И тоа многу..Во серијата, со Неџати сте огромни непријатели..дали е така и во приватен живот ?


Арас:Напротив..јас и тој се сложуваме добро, како добри пријатели.





Хул:Како се сложуваш со останатите твои колеги од серијата ?


Арас:Вауу! Па ние станавме како вистинско семејство..тетка Ајча почнав да ја доживувам како вистинска мајка..навистина, можеби изгледа чудно, но јас како да се внесов во серијата..еднаш, на мајка ми и реков Џемиле! 



 
Хул :Што се случува со наставничката по музичко -Инџи ? 


Арас:Ние сме добри пријатели! Навистина, тета Јилиз е навистина добра жена, исто како и во серијата..сите од “учениците“ ја сакаат !


Хул:Неодамна ја доби наградата : ОСКАР ЗА НАЈДОБРА МАШКА УЛОГА ВО БУРНИ ВРЕМИЊА , како се чуствуваше ?


Арас:Неверојатно..тоа ми беше првата награда! Кога мене, заедно со тетка Ајча(Џемиле), чичко Еркан (Али) , и тетка Вилма (Каролин) не повикаа да на сцена, тоа беше лудило!


Хул:Дали некогаш си размислувал за соблекување гол пред камерите ?


Арас:НИКОГАШ! Се се, ама тоа не ! 


Хул:Е зошто ? Многумина ѕвезди тоа го прават..како од Холивуд, така и од Турција..


Арас:Тоа е безобразност..глупост и нешто што не треба да се прави..според мене.


Хул:Дали би сакал да станеш родител на 22 години ?


Арас:Паа..мене тоа нетреба да ме прашате..треба да ја прашате Зејнеп..таа ке ги трпи болките..


Хул:Толку многу се грижиш за неа ?


Арас:Секако, ами како ? Тоа е мојата идна сопруга . :)


Хул:Навистина благодариме за искрените одговори..ми беше задоволство.


Арас:И мене..не сум ни забележал како поминало времето !


Поздрав од Арас:Вие го следевте магазин Кул со Арас Булат! Поздрав!

Нема коментара:

Постави коментар