Главниот машки лик Езел, кој е интерпретиран од актерот Kenan Imirzalioglu, е веќе добропознат за гледачите на Сител телевизија, тој ја толкуваше главната машка улога и во хит серијата "Горка љубов", беше миленик на нашите гледачи, а миленик е и на останатите, тоа го докажува неговата титула - мистер на Турција. Оваа крими драма што е инспирирана од романот на Александар Дима, се прикажуваше и во другите земји од Балканот и има добиено многу награди, меѓукои: најдобра фотографија, најдобра режија, најдобра музика, најдобра потресна сцена, најдобар драмски актер, најдобра драмска серија и многу други.
Омер Унчар е едноставен, млад човек, посветен на своето семејство, но и на тројцата луѓе кои ги познава уште од детството. Aли и Ченгиз се негови најдобри пријатели кои ги смета за сопствени браќа и за кои би го дал животот, а преубавата Ејшан е љубовта на неговиот живот. По долгото служење во војската, Омер се враќа дома во Истанбул, среќен што најпосле ќе ја запроси жената од своите соништа и со неа ќе основа семејство. Меѓутоа, судбината му го менува патот – за време на неговото отсуство, Али, Ченгиз и Ејшан измислиле и спровеле итар план за грабеж во казино заедно со таткото на Ејшан, господинот Сердар. Во тој грабеж тие убиваат еден чувар и оставаат доволно лажни докази кои ќе го обвинат и осудат Омер на доживотен затвор. Додека неговите пријатели со милионите си ги граделе кариерите и личните животи, Омер во затворот преживувал пекол. Освен тоа што секојдневно размислува за предавството од своите пријатели и нивните лажни сведоштва, Омер е физички злоупотребуван од директорот и чуварите на затворот, уверени дека ќотекот ќе помогне да дознаат каде тој и неговите пријатели ги сокриле украдените пари. Во последната борба Омер добива страшни повреди, но со помош на Рамиз, неговиот ментор и моќен мафијаш, успева да побегне од затворот. Неговото унакажано и непрепознатливо лице треба итно да се оперира, а заедно со промената на лицето доаѓа и промената на личноста – Омер станува Езел Бајрактар, млад и успешен бизнисмен и коцкар, специјализиран за разни борбени техники и читање на намерите на луѓето.
По 12 години поминати во страдање, неговата омраза кон пријателите е се посилна, па се одлучува како потполн странец да го посети Кипар за да им се одмазди, а во тоа му помага неговиот учител и новите пријатели. Неговата љубена Ејшан е сега мажена за Ченгиз и имаат син, а Али е шеф на обезбедување во хотелот на Сердар. Езел започнува да се одмаздува на оние што го испратија во затвор, а во таа одмазда открива и зошто пријателите и жената што ја сакал му го направиле тоа.
НОВ ЛИК ВО ЕЗЕЛ
Случувањата во серијата "Езел" наскоро ќе станат уште подинамични со пристигнувањето на големиот негативец Секиз кој е внук на Рамиз и ќе му предизвика сериозни проблеми на Езел. Овој лик ќе биде одглумен од популарниот турски актер Киванч Татлитуг, за нас познат како Мехмет од серијата "Ѓумуш". Во продолжение потсетуваме кој беше тој.
Киванч Татлитуг е роден во Адана, Турција. Тој е еден од четирите деца на неговите родители. Како млад бил пратен во средното приватно училиште Јенис Чаг кадешто тренирал кошарка.
По некое време тој се враќа во Истанбул поради болеста на неговиот татко, со намера да дојде и да се грижи за него, а тренингот со кошарката го продолжува во спорткиот клуб Ulkerspor.

Неговата кариера почнува со тоа што мајка му праќа фотографии од него во модна агенција. Киванч станува успешен манекен и победува на манифестацијата "Model Of The World" во октомври 2001-та година. Оттогаш тој почнува професинално да работи како модел, но исто така и како актер. Неговата најсветла точка во кариерата е улогата на Мехмет во турската серија Ѓумуш.
Една година подоцна откако ја завршува улогата во Ѓумуш, тој се појавува во турската мелодрама "Noor" во улогата на Моханад. Магазинот "AlArab Online" објави дека актерот станал најголемиот срцекршач за секоја муслиманска жена.

Исто така се појави во неколку телевизиски серии како "Meneskse ile Halil" кадешто ја имаше улогата на Седеф Авчи. Како особено актерско исполнување се смета и неговата улога во серијата "Ask - Memnu".
На манифестацијата "ALtin Kelebek" тој го зема признанието за најдобар актер за улогата која ја имаше во "Ask - Memnu".
Беше во врска со познатата актерка Мелтем Комбул, но раскинаа пред две години во месец авугст. Во светот е познат како турскиот Бред Пит, а одбран е и за најсекси маж во Турција од списанието "Hurryet" во јули пред две години.
Ја откриваме приватноста на "Езел"
Кенан Имирзалиоглу потекнува од големо семејство и е најмладиот од своите браќа. Роден на 18-ти јуни, 1974-та година во селото Учем. На 12 години се сели во градот Анкара поради образованието.
Од унивeрзитетот "Yıldız Technical" излегува како дипломиран математичар. По неколку години, директорот Осман Синав го открива талентот за глума на Кенан, кога тој се пријавува на кастингот за серијата "Deli Yurek" (Лудо срце). По неговата улога во споменатата серија, Кенан станува популарен актер во Турција, а со текот на времето тој стекнува се поголемо искуство во оваа работа со улогите кои во меѓувреме му беа доделени.

Во 2005-та година, Имирзалиоглу ја добива можноста да биде еден од водечките ликови во серијата "Горка Љубов" (Aci Hayat), работена според истоимениот филм од 1962-та година. Оваа серија пред неколку години се емитуваше и на Сител телевизија.
Поради преголемата популарност на серијата во Турција, Кенан по улогата на Мехмет добива позначајни филмски улоги, ја напушта телевизиската продукција и почнува да гради кариера како филмски актер. Се појавува во акционите филмови како "The Last Orroman" и "For Love and Honor".

Кенан смета дека го достигнува врвот во кариерата откако влегува и во филмскиот свет, затоа во 2009-та година повторно се враќа во телевизијата со серијата "Езел" која помина особено успешно во матичната земја и останатите балкански земји што ја емитуваат. Најновиот проект на човекот по кој лудуваат сите жени е филмот "Uzun Hikâye" што во превод би значело "Долга приказна".

Телевизиски проекти на кои тој работел:
* Deli Yurek (Yusuf Miroglu) (1999-2002)
* Alacakaranlık (Ferit Caglayan) (2003-2005)
* Acı Hayat (Mehmet Kosovalı) (2005-2007)
* Ezel (Ezel Bayraktar) (2009)
Филмографија:
* Deli Yurek: Bumerang Cehennemi (Yusuf Miroglu) (2001)
* Yazı Tura (Hayalet Cevher) (2004)
* Son Osmanlı Yandım Ali (Yandım Ali) (2006)
* Kabadayı (Devran) (2007)
* Ejder Kapanı (Akrep Celal) (2009)
* Uzun Hikâye (2012)
Нема коментара:
Постави коментар