недеља, 27. мај 2012.

Survuvor


              Најинтересни моменти од вчерашната епизода

Во Сибу и меѓу отфрлените владее силна тензија. Секој има нешто да каже против некого. Сибу против Отфрлените. Мартина вели дека Маја Лена е лицемерна и патетична, Себастијан негира дека Маја сакала сама да го напушти племето. Од друга страна, Маја е убедена дека Кристина и’ го свртела грбот, Оги се’ уште е гневен. Владее општ хаос и сите острат заби пред племенскиот совет
        
Само Невен, Марко, Жаре и Рале се некако дистанцира и се трудат да ја согледаат вистинската состојба во Сибу, земајќи го предвид фактот дека тие ќе одлучуваат за победникот. Невен ќе изјави дека Кристина го користи Никола само за да ја оствари својата цел.
Оги се обидува да објасни што рекол. Наводно тој и’ рекол на Кристина дека ако не гласа против Никола, ќе имаме проблем и дека не ги употребил зборовите, за кои Кристина тврди дека биле навредливи.
     
Озборувањата продолжуваат. Кристина тврди дека Маја Лена им се додворувала на сите и посотјано играла на картата дека не смее да оди на островот заради Миа, па сите ја сожалувале.
                                        
Време е за 11-от по ред и претпоследен племенски совет. Во воздухот се чувствува напнатоста. Веднаш доаѓа до вербална расправија меѓу Оги и Кристина
    
Оги упорно ќе се труди да докаже дека ништо лошо и навредливо не и’ рекол на Кристина. За да докаже, ќе ги вмеша Милан и Себастијан, кои нема да реагираат позитивно на неговиот однос, особено не Милан.
 Најинтересна ќе бид еконфронтацијата меѓу Маја Лена и Кристина. Маја Лена прво ќе ја обвини Кристина дека била дволична кон неа, но набрзо ќе дознае дека не било се’ така како што Оги сакал да и’ сервира.
Караниците ќе продолжат, така што водителите ќе мораат да ги прекинат. На овој племенски совет, двајца натпреварувачи ќе го напуштат Сибу.
Не пропуштајте ја најинтересната епизода досега. Вечерва веднаш по Езел, Срвајвр!

Нема коментара:

Постави коментар