среда, 20. јун 2012.

Канал 5 сруши авион


Веднаш по централниот дневник емитуван денеска, Канал 5 телевизија објави информација според која  веднаш по полетувањето се урнал авион, без при тоа да прецизира, каде се случило тоа и дали има жртви.

kanal-5-
„Почитувни гледачи ја прекинуваме програмата за веста која штотуку ја добивме. Се случи авионска несреќа, веднаш по полетувањето авионот падна. Повторувам, се случи авионска несреќа, засега не е познат бројот на жртвите. Очекуваме вести од местото на настанот, ќе се јавиме повторно“ - рече презентерката на вестите, Тања Стојановска.
Според коментарите на социјалните мрежи, станува збор за реклама на телевизијата, најверојатно за некоја нова серија. Сепак, ваквата постапка на телевизијата предизвика низа негативни реакции.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=MunQPL4t7bM


Спроед добиените податоци станува збор за серија.Односно ова е прoмо, кое ќе го даваат повеќе пати а ден.

Нема коментара:

Постави коментар